Што е она со што успеавте да се најдете меѓу топ иновативни наставници во светот, и што значи тој успех за вас?

Постои една мрежа за наставници на Микрософт која најчесто се користи како база каде наставниците можат да си најдат идеи и готови часови, но и за да споделат со светот што е она што се случува во нивната училница. Кога веќе ќе станете член на таа мрежа (со едноставно креирање профил) и поставите некоја активност од час постои една процедура каде треба лица задолжени од Микрософт за Образование да ги одобрат тие ваши активности. Што би значело дека вашата активност од час ќе им помине низ раце и тоа е првиот начин да ве препознаат. На истава мрежа секоја година се организира еден натпревар каде вие може да аплицирате со вашата активност од час и доколку бидете избрани, да учествувате на светски натпревар каде ќе се соочите со иновативни наставници од цел свет. Бројката на Микрософт Иновативни Наставници Експерти оваа година е 800 но  не сите ќе одат на светскиот натпревар туку само 250-300 строго селектирани.
Прво со што влегов во топ 800 а потоа во топ 300 зошто во мојов случај па се и две различни работи
Ќе се обидам да ви објаснам а да не е гики зошто често ме караат кога ќе претерам со термините. Идејата на нашиот проект беше да ги дочекаме таблетите за секој ученик подготвени. Имено се обидовме комплетно да си го презамислиме хартиениот учебник и наместо да очекуваме таблети со учебници во не дај боже пдф форма, ние сами си креиравме совршена електронска книга. Е сега е гики делот. Оваа наша елетронска книга е во вид на инфографик (визуелно претставување на информациите) и не само тоа туку е и интерактивна.
Зошто и што значи тоа? На прашањето какви учебници би сакале да имаат учениците јасно одговорија дека повеќе би сакале визуелно добар учебник и дури се кажа дека па и не мора воопшто да има текст туку лекциите можат да бидат во вид на видео туторијали. Со што сами си одбраа модел на учење а тоа е превртена училница.
Што е тоа интерактивен инфографик каков е и што функции има?
Со тоа што секој ученик ќе има таблет пред себе не само што нема да му треба хартиен учебник, туку нема да му треба ни тетратка бидејќи постојат онлајн тетратки како OneNote каде не само што учениците ќе си фаќаат белешки од часот туку истите ќе може да ги споделат со наставникот, соучениците и цел свет и вие како наставник ќе имате целосен увид кој што правел на час и ако уште ви дозволат ќе може да допишете, потцртате, дополните, посочите, оставите аудио или видео порака директно врз нивните белешки, што со хартиена тетратка не е ни можно зошто прво ќе треба да ги оставите децата без тетратка цела недела за да би имале време да ги прегледате детално сите второ па хартиените тетратки и немаат таква опција да си го снимите гласот врз нив( за да не ме искараат -а што со вежбање на ракописот- па има пенкалциња што одат со таблетчињата што би значело пишување не куцање а има и опција во OneNote пишувањето автоматски да се претвори во куцан текст па конечно наставниците би се пензиониале со добар вид)
Нема да ни треба ни табла зошто онлајн таблите се со супер моќи :)
Тешко дека ќе извадите двеасетина учаници на една зелена табла и тие ќе можат да пишуваат и работат врз неа сите истовремено освен ако вашите ученици не се акробатски надарени. На една онлајн табла сите ученици работат истовремено, може да си оставаат коментари на сработеното, некои табли имаат опција јасно да се чита кој ученик што напишал, нормално де се споделуваат со цел свет,  и најинтересното пред да ја избришете таблата може да си ја зачувате целата работа како документ кој ете подоцна ставете го во тетратките и зачувајте го па имајте целосно документирани часови.
Честиот проблем што лично си го имам слушање текстови на касетофон, па некој слушнал, друг не дослушнал, на трет му е брзо на четврт бавно на петти му треба да запрам по секоја реченица за да забележи што чул, ќе се реши со таблетите. Сите ќе можат во свое темпло да си го ислушаат зададениот текст па и да си го изгледаат зададеното видео. Што би значело часовите ќе се и без компјутери, и без касетофони, и без телевизори, и без проектори и сите тракатанци кои сега ги користиме за еден ИКТ час.
Но сеуште остануваше прашањето како се тоа со само еден таблет. Кога работиме на час нормално секој си има отворено учебник и тетратка пред себе се пишува на табла се слуша со касетофон, се гледаат видеа... Но ако сакаме со само еден таблет да ги вршиме сите тие работи е тогаш веќе имаме проблем.
Затоа велам Интерактивен инфографик.
Прво како направивме инфографик па како тој стана интерактивен
Играјќи си на час со облиците (круг, триаголник, квадрат...) и боите во PowerPoint учениците успеаа прво да направат ликови а потоа позадини.

Сите тие ги повразаа во приказна на посебни слајдови како на пр. форми на глаголи, идиоми, прилози, потекло на зборови итн.  Слајдовите пак ги поврзаа во долга слика инфографик. Е сега тој беше прикачен на една станица која дава опции директно на неко да се стават линкови од онлајн тетратката, таблата, аудио и видео записите, текстче.... Така што се не само што се замени хартиениот со електронски учебник и се реши проблемот како тоа се да фуннкционира со само едне таблет туку и на истиот овој инфографик се прикачија дополнителни активности како идеи за филмови поврзани со темата или изработки на таа тема итн.
И само што ќе заборавев овој наш учебик има и лајк и шеар дугме :)

Овој проект беше меѓу селектираните 800 од цел свет но селекцијата на 250-300 наставници кои ќе одат во Редмонд Вашингтон не е ни започната.
Па како прва се најдов на таа листа е друга приказна. Меѓу другите привилегии кои ги имаат МИЕ експертите се и онлајн вебинари. На еден таков вебинар беше најавен натпревар кој се однесуваше само за тие 800 МИЕ експерти и требаше да се креира една презентација со најновата Микрософт алатка Sway за тоа како го користат OneNote на часовите или со колегите. Не знаев ништо за OneNote нити го имав користено на час па решив да пишувам како јас би ги инспирирала учениците да учат со оваа алатка. Наградата беше таблет телефон или компјутер па бев повеќе од мотивирана.
Креирав 24 активности за изучување на англиски јазик со OneNote. Имаше се од изучување минати времиња со игра што ја нареков Постројте ги вообичаените осомничени па ставав слики од учениците и аудио алиби и скенирани потписи, преку Тајните досиеја на ЦИА со аугментирана реалност и апликација која кога ќе ти ги скенира палците ти кажува за што си баран според досиејата на ЦИА, па програми за претседателски избори каде учениците си пишуваа програма што ако ги изберат за претседатели креираа беџови за кампањата, даваа видео изјави а со тоа и учеа условни реченици, беа пирати па говореа малку пиратски англиски и така учеа за глаголот сум, ловеа изгубено богатство со QR кодови, пишуваа писма до иднината и си ги праќаа самите на себе, си даваа оскари и така учеа за суперлатив, па правеа листи на добри и лоши деца според статистиките на дедо мраз....
И дури пред објавувањето на победниците добив порака на твитер од еден од луѓето кои се во програмерскиот тим на OneNote со зборовите I was blown away ми требаше време да ја сварам информацијата и за секој случај си пребарав по урбани речници да се осигурам што значеше фразата. Во следните пораки онака хипотетички прашуваше дали сум слободна кон крајот на Април и дали би прифатила да ме донесат во Редмонд Вашингтон за да го презентирам сето тоа пред врвни наставници од цел свет. Она што му одговорив е дека ми е страв од летање. Веднаш ми врати ако се погрижам да те донесам во Америка ќе се качиш ли барем на авион.
Па не знам што би значело ова за мене ќе видиме еднаш да појдам до таму.
Ми значи многу што истиот тој човек ги презентирал моите активности на БЕТТ во Лондон минатата недела (затоа тој ме препрашувал дали одам за Лондон на БЕТТ она што го прават повеќето МИЕ експерти).
За ова немаше ни да знам ако некој од присутните ни ми прати порака и оваа фотографија. Да тоа можеби и е најголемото достигнување во мојот живот да ти се презентира труд на конференција каде key note speaker е Сер Кен Робинсон. Ова е таа игра Постројте ги вообичаените осомничени и на големата фотографија ја гледате мојата ученичка Клеонтина Ибишоска, и другите се тука во помалите фотографии под неа.

Уште и пишувате колумна во официјален блог на Микрософт за наставници. Што значи тоа за вас?

Е тоа е веќе нешто. На вебинарите кои ги споменав не само што имаме можност да чуеме за најновите алатки на Микрософт изворно од програмерите туку на истите тие вебинари имаме некои си 5 минути да си презентираме активност или омилена алатка. Јас презентирав веќе на два вебинара (и тоа за жал е максимумот цели 10 минути :)) Веднаш по завршување на првиот добив меил дали сакам да пишувам колумна на Hot Topics и дали сакам да имам интервју за  Daily Edventures. На колумната се фрлив веднаш а интервјуто уште го работам. Не ни очекував дека колумната ќе е толку читана и споделувана, дека ќе ме спои со толку многу и толку добри едукатори од цел свет. Во моментов имам само четири објави едната е вовед а другата околу наградата што ја добив само останатите две се она вистинското за што и е мојата колумна Како да предаваш со Windows 8 апликации. И двете се топ најчитани вести на блогот што ептен ми годи.

Марија Петреска - наставничка по англиски јазик во О.У. Христо Узунов, Другово, Кичево
Предавам во шесто, осмо и деветто одделение и немам некој поголем личен успех
Ти праќам фото од еду конференцијата во Струга каде со координаторката Влора Адеми и колешката Славица Карбева презентиравме на тема да бидеме креативни и да ја превртиме училницата цо windows 8 пред некои си 500 наставници и ит експерти од Македонија и подалеку. Зборува Влора адеми програм менаџер за Микрософт во образование во македонија, Албанија и Косово, јас сум веднаш до неа во сино, до мене Славица Карбева во 800 МИЕ експерти ( не има 4 од Македонија оваа година)