VESELA UCILNICA

Оваа наша Интернет книга ја започнуваме се со цел да навлезете длабоко во нашите детски срца, да ја осознаете и погледнете големата љубов, искреноста, дарбата, работата, ентузијазмот, креативност кои ги даруваме секојдневно безусловно на Вас нашите родители, наставници, баби и дедовци, роднини, другарчиња. Овој свет да го направиме што поубав, како боите на виножитото, топлото Сонце, жолтата есен, зелената пролет, снежната зима и топлото лето. Би сакале секое дете на овој свет да живее во мир, добрина, почит, искреност и ЉУБОВ. Од Вас возрасните зависи дали ќе не слушнете и дали ќе размислите за она што го правиме. Не СРАМЕТЕ се секојдневно дарувајте ја и изразувајте ја својата љубов кон децата, бидејќи тие секогаш знаат како и на кој начин најуспешно, наивно детски со големо срце да ни ја возратат.